Една 17-годишна Американка од сојузната држава Ајдахо неделава објави фотографии од нејзиниот семеен албум кои ја шокираа јавоста. Фотографиите ги објави на Reddit и Imgur. Патем опиша детали од нејзиното мачно детство со мајка зависничка и четворица браќа и сестри.

– Ова сум јас на 18 месеци, пишува покрај фотографијата на бебе што лежи на кревет во валкана соба полна со расфрлани работи, а на прозорската штица може да се види наркомански прибор.

– Да, тоа се игли на прозорецот и да, така изгледаше целата куќа, пишува тинејџерката.

На фотографиите се и нејзините постари сестри кои си играат покрај купишта облека и ѓубре. Една фотографија ја прикажува кујната во која владее тотален хаос и каде има повеќе таблети од храна.Сето ова го има снимено нејзиниот тогаш 16-годишен брат. Токму благодарение нему Службата за заштита на децата ги одзела од мајка им и ги сместила во хранителски семејства.
Девојката која ги објави фотографиите била посовена дури кога имала девет години, пишува Дејли Мејл.

На некои им се чинеше дека бебето на сликата е помало од 18 месеци, но девојката објаснува дека сите биле ситни и неухранети. Мајката за време на бременостите пиела, пушела и се дрогирала, а храна набавувале со бонови.

Братот кој ги снимил фотографиите денес е среќно оженет и го очекува четвртото дете. Едната сестра, која им била како мајка, дипломиирала психологија, а денес работи во центар за аутизам.

Девојката вели дека на мајка и и простила иако за тоа и требало време. Денес ни мајка и ни татко и не се живи.

– Можеби е чудно, но јас ги сакам овие фотографии. Кога ќе видам каде бев, ме потсетува на тоа колку далеку сум отидена и што се можам да постигнам, вели девојката.