Данскиот ракометен шампион Алборг од следната сезона ќе биде страв и трепет на европската сцена. Челниците на данскиот тим по се изгледа се решени да ја осовјат Лигата на шампиоите и затоа уште сега во своите редови донесоа многу ракометни ѕвезди. Последен во низа кој потпиша тригодишен догвор со Алборг е исландската ѕвезда Арон Палмарсон. Алборг веќе го претстави Исланѓанецот кој ќе биде дел од големиот проект во кој пред извесно време влезе и еден од најдобрите ракометари во светот Данецот Микел Хансен. Исланѓанецот немал дилема кога ја добил понудата, а најголема причина за тоа е токму данскиот репрезентативец, кој исто така стави потпис на договор со екипата. Палмарсон за да му се приклучи на данскиот тим одби да го продолжи догворот со каталонскиот гигант Барселона, со кого има потпишано соработка до крајот на оваа сезона.

  • Алборг ми понуди нешто што не можев да одбијам, понуди фантастичен проект. Клубот донесе неколку добри играчи и ми ја претстави амбицијата за наредните неколку сезони. Веднаш ме фасцинира нивниот план. Голема работа за мене беше и тоа што во Алборг ќе играм со Хансен. Тој одигра голема улога во мојот потпис. Морам целосно да бидам искрен за тоа. Тогаш повеќе сакав да слушам што имаат да ми понудат. Иако не се работи за европски гигант, Алборг е најдобар во Данска. Тие се шампиони и имаат амбиција да ја освојат Европа, изјави 30-годишникот Палмарсон.

Хафнарфјарјур беше првиот тим за Палмарсон, а потоа настапуваше за Кил, Веспрем и Барселона. Најдолго се задржа во Германија каде остана шест години.

Покрај Хансен и Палмарсон во данскиот тим нови играчи се и капитенот на норвешката ракометна репрезентација Кристијан Бјернсен, пикерот на Рајн Некар Левен, Јаспер Нилсен, Јакоб Холм и десното крило на Киелце Сигвалди Гудјонсон. Во 2022 година Алборг ќе добие уште два шведски пикери Андреас Нилсон и Макс Дарја. Од Фленсбург доаѓа данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен, а големо засилување на голот ќе биде данскиот репрезентативец Никлас Ландин.