EPA-EFE/Alejandro Garcia

Возачот на Вилијамс, Александер Албон, ќе вози на следната трка во Формула 1 во Сингапур, по операцијата на слепото црево.

  • Би сакал да им се заблагодарам на сите за пораките и поддршката за време на тркачкиот викенд во Италија. Моите подготовки за Сингапур беа малку поинакви од вообичаеното, но се чувствувам добро и направив сè што е можно за да се подготвам за една од физички најнапорните трки, истакна возачот од Тајланд.

Поради воспаление на слепото црево, Албон ја пропушти трката во Монца, која се одржа на 11 септември, а неговиот болидот го возеше Холанѓанецот Ник де Вриј.