Албанско семејство го тужи американскиот претседател Бајден

64

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, е тужен од албанското семејство Мислими, кое тврди дека иако биле избрани за американската „виза за разновидност“, нивното барање не било разгледано.

Според Топ чанел, тужбата е поднесена против Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким и директорот за конзуларни работи Морган Д. Мајлс.

Тужителите Мимоза, нејзинот сопруг Грамос и синот Оргес Мислими тврдат дека тие биле избрани да добијат американска „виза за разновидност“ во јуни 2020 година, но дека нивната апликација за виза не била разгледана, прво поради пандемијата, и дека центарот што одлучува за секој случај подоцна го разгледал нивниот случај, но не ги ставил на листата на приоритети.

Во тужбата тие бараат судот да му нареди на Стејт департментот да го разгледа барањето и да им даде ваква виза.