Албански државјанин, кој работел како овчар, починал по пад од карпест дел

120

Дваесет и осум годишен овчар починал, откако паднал од карпест дел од висина од триесетина метри во атарот на селото Лабуништа, соопшти МВР.

Жител од селото вчера пријавил во полициската станица за граничен надзор Лабуништа дека има починато лице во место викано Краста во атарот на с.Лабуништа.

По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за С.Ф(28) од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од висина од триесетина метри.

Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.