Албански дилер уапсен во Бразил, баран со меѓународна потерница од Франција, но и од Македонија

82

Полицијата во Бразил уапсила албански државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Франција за трговија со дрога а бил баран и од Македонија.

– Албанскиот државјанин Шаќир (Хектор) Николи (45) од Пешкопеја, е уапсен во Сао Паоло, Бразил. Тој е познато име на албанските правосудни органи, кој за живот ја избрал бразилската престолнина, додека бил обвинет за меѓународна трговија со дрога, како член на криминална организација, пренесува албанската агенција Балкан веб.

Според агенцијата, Николи во јануари 2013 година е осуден на 10 години казна затвор за трговија со дрога во Рен, Бретања, Франција и по него е распишана потерница преку Интерпол Париз.

Тој бил баран и од македонските власти, но не се наведува поради какво кривично дело.

Николи ќе биде на располагање на Врховниот суд на Бразил, во очекување на процесот на екстрадиција за Франција.

Во исто време во Албанија, Николи е осомничен за убиство на две лица при грабеж на автобус во 1996 година. Во 2002 година бил уапсен во Виена, Австрија за екстрадиција во Албанија, но упеал да се спаси од тоа.