Албанскиот премиер Рама во посета на Турција

48
На  покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган албанскиот премиер Еди Рама  ќе присуствува на Игрите на исламската солидарност во Анталија, на кои  ќе учествува и албанскиот олимписки тим.
Рама во објава на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од аеродромот во Коња, притоа објавувајќи дека е поканет од турскиот претседател Ердоган на церемонијата на отворање на Игрите на исламската солидарност, но оти ќе присуствува и на важен состанок.
– На покана на претседателот Ердоган за церемонијата на отворање на Игрите на исламската солидарност, каде што учествува и албанскиот олимписки тим, како и на важен работен состанок во Анкара за напредокот на проектите за соработка, напиша Рама покрај видеото и фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.
Познато е дека Ердоган е голем пријател на Рама, кој најмалку трипати годишно оди во посета на Турција на средба со шефот на турската држава.