Албанската претставничка Хајати цензурирана поради еротика – Тоа се некои нови чудни евровизиски правила

1632

Покрај Македонија, и Албанија има проблеми со своето учество. Имено, организаторите на Евровизија го цензурирале настапот на албанската претставничка на годинашната Евровизија, Ронела Хајати, поради што таа во последен момент била принудена да го смени сценскиот настап. Причината е навидум банална. Имала премногу еротика, зачинета со невкусна голотија. Пејачката е ужасно бесна поради тоа. Сега има поинаква кореографија, како и креација.

– Не може да бидат дотолку разголени и таа и нејзините танчари. Доста е веќе со тоа разголување! Ова е фестивал на кој, пред сè, се пее – објаснуваат од Евровизија.
Инаку, надвор од сцената, Ронела си тера по свое. На предевровизиската церемонија дојде облечена во костим со чуден дизајн, на главата носеше коцкест детаљ со кој сосема го прекри лицето, но не и градите. Но, ваква нема да ја видиме на натпреварот. Ќе мора да се облече. Не може соблечена! (Д.М.)