Албанската полиција има сознанија за можни напади врз институции на утрешнот опозициски потест

191

Поради сознанија дека се можни напади врз институциите, албанските власти за утрешниот протест на обединета опозиција ќе ангажира многу поголема бројка на припадници на безбедносните сили, јави тиранската телевизија Еј-би-си њуз.

Освен повеќето од 1.700 полицајци, ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда, полициски службеници од Драч и Елбасан, а во првиот полицски кордон пред Владата ќе бидат распоредени и припадниците на специјалната единица „Шќипоња“.

Владата веќе е оградена со метална ограда, поставени се камери со висока резолуција, а специјалната единица Ренеа и онаа за брза интевенција, ќе бидат распоредени зад владниот објект.

Исто така, бидејќи не е исклучено протестот да се префрли од пред Владата пред законодавниот дом, големи полициските сили ќе бидат распоредени и пред Парламентот, каде што на последниот протест беше најтензично.

Со оглед на огромната употреба на пиротехнички средства, како што се чадни бомби и молотови коктели, во толпата ќе бидат инфилтрирани и агенти од секорот за антитероризам.

Мерки презема и сообраќајната полиција. На автобусите со кои ќе доаѓаат демонстрантите од внатрешноста нема да им се дозволи влез во центарот на Тирана. Оние кои доаѓаат од северниот дел ќе се паркираат пред спортскот центар „Аслан Руси“, додека оние од југот кај економскиот факултет.

Осмиот по ред „национален протест“ на обединетата опозиција почнува во 19 часот пред Владата во Тирана и како што најави лидерот на демократската партија Љуљзим Баша, на овој собир „зборот ќе го има народот“.