Албанката Ева Мурати – македонска Лила!

305

Ева Мурати е популарна и згодна албанска водителка, како кај нас Лила Филиповска, сака да се слика и во костими за капење (понекогаш и позата за сликање им е иста – со свиткани колена), а логично дека сака и сладок живот. Родена е во еден убав пролетен мај во 1995 година. Својата кариeра ја започна како девојче на 15-годишна возраст преку моделството и ТВ-рекламите.

Ева Мурати денес важи воедно и за едно од најубавите телевизиски лица како во Албанија така и пошироко на Балканот. Таа е и водителка на неколку спортски емисии, некои квизови, како и водител коментатор за време на преносите на “Лигата на шампиони“. Доста голема бура се крена откако Ева се сврши за синот на поранешната претседателка на албанското собрание. Но потоа страстите се смирија, па сега сите им се восхитуваат.