Албанија: Урнат ресторанот во кој беа нападнати шпански туристи

178

Угостителскиот објект „Панорама” во Порто Палермо, во близина на албанското приморско гратче Химара, чиј сопственик нападна шпански туристи, е урнат.

Одлука за тоа донесе Националниот инспекторат за заштита на територијата со образложение дека објкетот бил дивоградба и бесправно ја корисел плажата.
Сопственикот Михал Кокдима (55), кој по инцидентот се наоѓа во притвор, според албанските медуми, откако ја дознал веста е префрлен в болница поради доживеан нервен слом.

Објектот беше на три ката а целата површина што ја „запоседнал” Кокдима изнесува две илјади квадратни метри а се наоѓа во една од најубавите зони на албанското крајбрежје. Ресторанот е изграден во 2012 година.

Инкау, инцидентот се случи на 15 август кога петчленото семејство на шпанскиот милионер Еугенио Галдон, локаланиот возач и водич, физички биле нападнати во ресторанот откако му се пожалиле на лошиот квалитет на храната. Фрлал и тврди предмети со кои ја напукнал шофершајбната, па кога тие заминувале се фрлил врз хаубата на која, според видеото кое екслузивно го пренесе ТВ Рапорт, се гледа и крв. Се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.

Според Кокдима, кој е познат под псевдонимот „гладијатор”, тие немале трпение да почекаат малку додека се подготви нарачката, пушеле канабис и биле во алкохолизира состојба.

Семејството Галдон со сопствена јахта пристигнало во Саранда, ангажирало возило, возач и водич да ги прошетаат по јужниот дел од албанското крајбрежје.

Уште истот ден нив ги посети и министерот за туризам Бленди Кљоси, а премиерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот, кого го нарече варварин, кој ја засрамил целата нација, бидејќи го прекршил „светиот код на албанското гостопримство”.