Албанија: Трагедијата на семејството Лала, која никого не го остава рамнодушен

139

Илјадници албански граѓани, меѓу кои и премиерот Еди Рама и претседателот Илир Мета денеска им оддадоа почит и ги испратија до нивните вечни почивалишта осумте членови од семејството Лала кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес, трагедија на која никој не останува рамнодушен.

Мариета имаше три деца во прегратките кога италијанските пожарникари ја најдоа под урнатините на нивната куќа. Таа спиела со нив во кревет и залудно се обидела да ги заштити со своето тело Емилион (6) и нејзините две двегодишни близнаци, Диониса и Дионис. Безживотното тело на Амелија (10), најстарата нејзина ќерка, беше пронајдено во нивна близина.

Од семејството Лала единствен преживен е 17-годишниот Рам Лала, кој беше извлечен од под урнатините по 14 часа од катастрофата. Сахадета (79), беше пронајдена мртва во близина на нејзиниот парализиран син Илир (51), кој последен беше изваден од под урнатините. Пронајдена е порано, дури и пред косовските специјални тимови да интервенираат со потребните средства. Од под остатоците се слушале само повиците од Рам, молел да ја спасат сестра му Гриселда(22) која била првично жива. Мариета која е снаа на Сахадете од другиот син загина со нејзините четири деца, или осум членови од семејството.

Живееле во сопствената петкатна куќа во Туман, изградена по комунистичкиот режим, кога беа изградени илјадници дивоградби во земјата. И претприемачите без скрупули и без контрола, градеа да заработат пари без да водат грижа за стандардите за сеизмички нестабилна земја.

Нивната приказна стана олицетворение на националната трагедија која досега однесе 51 живот. Последната жртва е дваесетгодишна девојка која почина денеска во Клиниката за трауматологија во Тирана, како последица од тешките повреди