Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица заради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември.

ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11.

Меѓу нив има општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

Тирана претрпе големи штети во земјотресот на 26 ноември. Уништувањето беше многу поголемо во близина на епицентарот на брегот на Јадранското Море, претежно во градовите Драч и Туман а 51 лица загина во урнатите згради.

Слична акција неодамна беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица,но пола од нив беа ослободени.