Анализата на податоците од неодамна спроведеното истражување покажало дека секој човек неделно во организмот внесува околу 2.000 парченца пластика, што е пропорционално на количината на пластика во една платежна картичка, соопшти Светскиот фонд за природна околина (WWF).

„Без пластика во природата: проценка на човечката консумација на пластика од природата“ е првата глобална анализа која користи податоци од 50 различни истражувања на тема човечка консумација на микропластика. Резултатите од истражувањето се многу битни за сфаќање на влијанието на загадувањето со пластика врз луѓето, односно ја потврдува ургентноста на преземање акција со цел намалување на ефектите врз екосистемот, се истакнува во извештајот на WWF.

Анализата спроведена на австралискиот Унивезитет во Њукасл наведува дека секој човек неделно внесува околу 2.000 парчиња пластика, која на месечно ниво достигнува 21 грам, а годишно дури 250 грама.

Најголем извор на пластиката која ја внесуваме во телото е водата, како флашираната така и таа од чешма, при што видливи се регионални разлики. Во САД и во Индија, на пример, има два пати повеќе пластични честички во водата отколку во Европа и во Индонезија.

Школките, пивото и солта имаат најмногу пластични честички.