Алармантно е во Србија: Цели семејства се хоспитализирани поради ковид-19

1877

Во Србија во моментов има над 124 илјади активни случаи на ковид, а од почетокот на епидемијата починале нешто повеќе од 8 800 ковид-пациенти.

Ситуацијата со ковид во Србија и натаму е алармантна, според кажувањата на епидемиолозите и лекарите од ковид-центрите. Директорката на ковид-болницата во Батајница кај Белград, Тања Аџиќ-Вукичевиќ, алармира дека немаат повеќе слободни кревети, но и дека кога се ослободуваат тие се пополнуваат за 15 минути. Таа вели дека имаат хоспитализирано и цели семејства.

Три, четири членови на едно семејство лежат заедно во собата во овој момент, вели докторката. Во средата наутро информирав дека имаме слободни 20 кревети, но за кратко ме информираат дека веќе се пополнети. Слободни места имаме само колку што отпуштаме пациенти. Се пополнуваат многу брзо, некогаш за 15 минути, вели д-р Аџиќ-Вукичевиќ за РТС.

Таа информираше дека во изминатиот ден хоспитализирале 80 лица, а за претходните седум дена дури 485 лица. Во моментов имаат повеќе од 800 хоспитализирани ковид-пациенти