Алармантни бројки во Британија: Речиси четири пати повеќе пешаци се повредени во судар со електрични тротинети

198

Бројот на пешаци повредени во судар со електричен тротинет во Велика Британија минатата година бил речиси четири пати поголем од претходната, покажуваат податоците на Министерството за транспорт на таа земја.

Според статистиката на британското МВР, во удар со електричен тротинет повредени се 223 пешаци, од кои 63 се со тешки повреди.

Тоа се повеќе од 57 повредени пешаци во 2020 година, кога 13 се здобиле со тешки телесни повреди.

Новите податоци беа објавени неколку недели откако владата ги објави плановите за воведување нов нацрт-закон за употреба на електрични тротинети.

Електричните тротинети се почесто се користат на јавните патишта и тротоари, и покрај тоа што нивната употреба е забранета во Британија.