Алармантна состојба во Запорожје – Воведени итни мерки во најголемата европска нуклеарка

388

Алармантна состојба во Украина – Воведени итни мерки во најголемата европска нуклеарка

По вчерашниот напад, расте загриженостаза безбедноста на нуклеарната електрана во Запорожје.

Во електраната која според извештајот на украинскиот државен нуклеарен оператот, Енергоатом, е тешко оштетена, активирани се итни мерки за заштита и исклучен е еден од трите работни агрегати.

Постројките во нуклеарната електрана и понатаму се под контрола на руската војска, но се информира дека „украинскиот персонал во станицата продолжува да работи и прави се за да осигура нуклеарна и радијациска сигурност“.

Електраната во Запорожје коа е најголема во Европа и трета најголема во светот, произведува енергија за Украина и е под контрола на руската војска од 4 март кога руските трупи го зазедоа Енергодар, градот во обласат Запорожје, во кој се наоѓа електраната.