Ракометарите на Алкалоид и Голден Арт одиграа нерешено 25:25 во пресметката од осмото коло на Првата македонска лига. По ова коло, во второто по ранг ракометно натпреварување двата најголеми фаворити останаа без пораз, откако го поделија пленот на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“.

Ивица Илиев беше неприкосновен меѓу стрелците, бидејќи даде тринаесет гола, а му помогнаа Даев со четири и Гучески со три. Кај Алкалоид шест реализации имаше Игор Ѓоргиев, додека по три погодоци постигнаа Тодески и Кофиловски.