Алаба си „легна на брашно“

51

Баерн (М) е пред продолжување на договорот со дефанзивецот Давид Алаба, пренесува новинарот Николо Скира. Според истиот извор, клубот од Минхен му нуди на 27-годишниот Австриец договор до 30. јуни 2024 година. Актуелниот договор на Алаба завршува на крајот од јуни 2021 година.

Претходно беше објавено дека Интер и Реал (М) се заинтересирани за неговите услуги. Алаба има еден гол и две асистенции на 31 натпревар за Баерн во актуелната сезона. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува Австриецот на 52 милиони евра.