Алабама: Пожар зафати 35 бродови, најмалку осуммина загинати

43

Најмалку осум лица загинаа денеска во пожар кој „проголта” околу 35 бродови, закотвени долж реката Тенеси во американската сојузна држава Алабама, изјави шефот на пожарникарската служба на Скотсборо, Џин Неклаус.

Тој истакна дека настрадале сите осум луѓе кои се воделе како исчезнати, а бројот на загинатите би можел да се зголеми, бидејќи не се знае колку точно лица се наоѓале на бродовите кои потонале.

Неклаус нагласи дека седум лица, кои биле изложени на многу студена вода или се здобиле со изгореници, биле хоспитализирани. Според него, повеќето од бродовите се користеле за домување, а пожарот избил по полноќ додека луѓето спиеле. Тој додаде дека е потребно нуркачки екипи да го лоцираат секој од бродовите и да ги пребараат.