Акција за чистење на ски патеката во Копанки

43

АД ЕСМ денеска организира акција за чистење на ски-патеката во Ски-центарот Копанки.

Акцијата е со цел подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како за индивидуалното, така и за колективното здравје, како и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона.