Акција за чистење на видиковецот пред Велестово кај Охрид

492

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и С Македонија денеска спроведоа активности за чистење на видиковецот сместен на патот кон Велестово.

Во акцијата спроведена од активисти на Волонтерскиот центар Скопје и „Чист Охрид“ се вклучија 23 волонтери од земјава и неколку европски држави при што беа собрани 17 полни вреќи отпад.

Активистите со апел до сите граѓани да се грижат за животната средина, да организираат индивидуални акции за чистење ѓубре и да се приклучуваат ан активностите за чување на животната средина и заеднички придонес за чист Охрид.