Акција „Ден без автомобили“ за помалку загаден воздух во Гостивар

32

Гостиварската локална самоуправа денеска организира акција „Ден без автомобили“ низ централното градско подрачје, чија цел е подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот. Иницијативата ја покрена градоначалникот Арбен Таравари, а ќе се спроведува со полициската станица и невладини организации.

За сообраќај со возила се забранети улиците: „ЈНА“ (дебарска), од центарот до пресекот со булеварот „Браќа Ѓиноски“, „Илинденска“, од центарот до раскрсницата со булеварот „Гоце Делчев“ и „Мајор Чеде Филипоски“, од „Витамин Ага“ до раскрсницата со „Борче Јованоски“.