Акцијашите-волонтери засадија 600 дрвца над Штип

91

Членовите на Здружението акцијаши волонтери заедно со Извидничкиот одред, Црвен Крст, Советот на млади и средношколци пошумуваа во месноста Кумлак.

Никола Канагалов од Здружението на акцијаши – волонтери вели дека на еден од голите ридови над градот Штип се засадени околу 600 дрвца.

– Садниците ги засадивме во формата на натпис Штип, а со намера тоа да биде иницијатива за покренување на традиционални акции за пошумување и во текот на пролетта и есента – вели Канагалов.