Актуелни теми во фокусот на пратениците- Спасовски за Љуботен, Заев за Зафировски и пак за финансии

94

Министерскиот потпис на Зоран Заев во финансии, по дводневната расправа за реконструкцијата на владата, тема и на јунските пратенички прашања. Позицијата министер за финансии останува празна, откако премиерот Зоран Заев ја повлече кандидатурата, но ќе раководи со ресорот до избор на нов министер.

-Немам некој конкретен план до кога ќе раководам со Министерството за финансии, но најверојатно тоа ќе биде до изборот на техничка влада, изјави Заев од собраниската говорница.

Седницата почна со нови препукувања меѓу власта и опозицијата, а на самиот старт опозицијата реагираше дека во собраниската сала се присутни само шест министри од сите 28 министерства.

„Апелирам сериозно да ги сфаќате седниците за поставување на пратенички прашања“, порача Никола Мицески, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и потенцираше дека пратенички прашања е алатка на пратениците да можат прашањата или барањата на граѓаните кои ги застапуваат да бидат поставени директно до министрите, замениците министри, институции до кои треба да се обратат и да добијат одговори на прашањата кои ги тангираат граѓаните.