Активистка собира училишен прибор за деца од семејства со социјален ризик

118

Во пресрет на новата учебна година активистката Рита Бехадини од Тетово започна хуманитарна акција за собирање училишни материјали за децата чии семејствата немаат доволно средства да им купат. Нејзиното мото е „Овој септември, со полн ранец на училиште!“

– На десет локации во Тетово се поставени кутуии каде луѓето можат да донираат училишни материјали, а јас потоа ќе ги поделам на семејствата каде имаат потеба, односно не можат да купат. Донациите се само во прибор, а не пари. Имавме неколку заинтересирани за донација на средства, но така потешко се работи, изјави Бехадини.

Досега луѓето донирале 100-тина ранци и училишен прибор.

– Ние имаме список, знаеме некои семејства кои имаат потреба, но ќе контактирам со директорите на училиштата во општините Тетово и Теарце, да ми дадат список од ученици. Досега имаме 100 семејства евидентирано, но за среќа имаме собрано средства за сите, вели Бехадини.

Кутиите за донации ќе бидат поставени во локалите низ Тетово до крајот до 25 август.