Активистка од Тетово собира училиштен прибор за деца од семејства со социјален ризик

59

Во пресрет на новата учебна година активистката Рита Бехадини од Тетово започна хуманитарна акција за собирање училишни материјали за децата чии семејствата немаат доволно средства да им купат.  Нејзиното мото е „Овој септември, со полн ранец на училиште!“

– На десет локации во Тетово се поставени кутии каде луѓето можат да донираат училишни материјали, а јас потоа ќе ги поделам на семејствата каде имаат потреба, односно не можат да купат. Донациите се само во прибор, а не пари. Имавме неколку заинтересирани за донација на средства, но така потешко се работи, изјави Бехадини.

Досега луѓето донирале 100-ина ранци и училиштен прибор.

– Ние имаме список, знаеме некои семејства кои имаат потреба, но ќе контактирам со директорите на училиштата во општините Тетово и Теарце, да ми дадат список од ученици. Досега имаме 100 семејства евидентирано, но за среќа имаме собрано средства за сите, вели Бехадини.

Кутиите за донации беа поставени заклучно со вчерашниот ден.