Активисти од Кавадарци: Градскиот миленик Среќко удрен со секира

98

Активистите за заштита на животните во Кавадарци реагираат дека кучето миленик на кавадарчани Среќко било удрено со секира.

– Тој беше удрен и пред седум години со бодликава шипка околу вратот. Беше правено операција. Вдомуван беше повеќе пати, но бегаше, сакаше да живее на чаршијат. Данче Младенова, сопственичка на пет шоп под гимназијата, го прибира зимно време и спие во продавницата, каде го храни. Преспива и во продавницата на Ферчо каде исто така добива храна, изјавија активистите.

Утрово, како шо велат активистите, кучето отишло во пет шоп продавницата и цимолело.

– Кога го видела, бил удрен. Му ја исчистила раната и сега е кај неа, ќе го носиме на ветеринар, за да видиме дали ќе му ја сошијат раната, додадоа тие.

Синоќа, Среќко шетал низ град, кај зградите во новиот центар.

Удрен е утринава, се гледа ударот, претпоставуваме дека е од секира, од деца кои сечеле дрва за огрев низ град. Но, таа информација не е сигурна. Тој е многу мирен, не создава неволји, сите го знаат. Името му го дадоа децата од гимназијата, велат тие.