Актерот Џонатан Мејџорс уапсен за напад и давење

713
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Холивудскиот актер Џонатан Мејџорс е уапсен во Њујорк под обвинение за напад, давење и малтретирање.

Полицијата соопшти дека ѕвездата од филмовите Creed III и Ant-Man and the Wasp: Quantum Mania, била вклучена во расправија со 30-годишна жена. Полицијата одговорила на повик од стан на Менхетен во саботата во 11 часот, јавува РТС.

„Жртвата ја известила полицијата дека била нападната. Полицајците го привеле актерот кој не давал отпор. Жртвата се здобила со полесни повреди на главата и вратот и е во стабилна состојба“, изјави портпаролот на полицијата.

Мејџорс е ослободен од притвор, но го чека судење.

Неговиот претставник за медиуми изјави дека наводите против актерот не се точни: „Не направи ништо лошо. Сакаме да ја решиме целата работа“.

Мејџорс стана еден од најпопуларните млади актери во последните години. Откако се проби во мејнстримот во 2019 година со The Last Black Man во Сан Франциско, Мејџорс доби улоги во Da 5 Bloods, The Harder They Fall и минатогодишниот хит Devotion.