Актерот ѝ дал дрога на ќерката кога имала само 13 години:„Тоа беше единственото одговорно нешто“

594

На рочиштето за обвинување за клевета против британскиот таблоид, холивускиот актер беше прашан во врска со користењето дроги во текот на животот. Издавачот на британскиот весник „НГН“ смета дека пишувањето на весникот „Сан“ и нарекувањето на актерот Џони Деп „насилник кон сопругата“ е вистинито, а не клевета, бидејќи тврдат дека насилството се случувало додека Деп бил под влијание на алкохол и дрога.

Одбраната го прашала Деп за пушењето канабис додека бил оженет со актерката Амбер Херд меѓу 2015 година и 2016 година.

Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ кажа дека „пушел многу марихуана додека бил во врска со госпоѓица Херд, и дека смета дека канабисот е користен во поглед на анксиозноста, нарушувања со спиењето, чувство на благосостојба и смиреност.

„Дали поради тоа ја поттикнавте својата ќерка да користи марихуана, прашала одбраната, на што актерот одговорил дека никогаш не ја охрабрувал својата ќерка Лили Роуз, за потоа одбраната да прочита низа мејлови меѓу Деп и неговата ќерка кога имала 13 години.

Во преписката Деп се „јавил да провери какво и било искуството со пушење марихуана претходната вечер, на што девојчето одговорило дека и се допаднало.

„Мојата ќерка имаше 13 години, и како што знаеме сите, на 11,12, 13 години, кога одите на забави во средно училиште, ви приоѓаат луѓе кои ќе сакаат да ви понудат пијалак бидејќи тие пијат. Тие користат кокаин од 12 и 13 години, пушат марихуана од 12 и 13 години, земаат екстази на 12 и 13 години, изјавил Деп и додал дека и кажувал на Лили Роуз да не експериментира со дроги со луѓе што не ги познава.

Деп потоа кажал дека и дали на Лили Роуз од своја дрога.

Не сакате вашиот тринаесетгодишник да отиде во некој параноичен „трип“ и знаев дека марихуаната што ја имам и пушам е доверлива и со добар квалитет“, изјавил актерот.

„Ако е тоа погрешно во вашите очи, го ценам вашето мислење, ама јас ја одгледав ќерка ми и бев одговорен родител“, заклучил Деп.

Извор:www.tvnews.us