Актерот Славко Штимац на болничко лекување поради компликации со ковид-19

298
Фото: Youtube Sputnjik Srbija

Српскиот актер Славко Штимац  е хоспитализиран е во Воено медицинскиот центар „Карабурма“ поради ковид-19, пренесуваат белградските медиуми.

Тој пред десет дена бил примен во болница поради воспаление на белите дробови, предизвикано од коронавирусот.

Штимац е сместен на ВМЦ поради пневмонија. Неколку дена бил на кислородна поддршка, но за среќа неговата здравствена состојба не бара тој да биде на интензивна нега. Речиси целосно закрепна од воспалението на белите дробови и за 2 до 3 дена би требало да биде пуштен дома – вели извор за српски Курир.