Актерот Рами Малек – негативец во новиот „Џејмс Бонд“

174

Оскаровецот Рами Малек ќе биде дел од актерската екипа во новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, објави Би-би-си.

Се работи за 25. официјален филм за Џејмс Бонд, а ангажманот на Малек беше објавен на филмски настан на Јамајка. Малек го освои Оскарот за најдобар актер во февруари за улогата на пејачот Фреди Меркјури од групата Квин во филмот „Боемска рапсодија”, но сега тој ќе глуми негативец.

Името на новиот филм, пак, што е најавено да се појави во кината во април 2020 година, сè уште не се открива. Исто така, ова ќе биде петтото и последно продолжение во кое актерот Даниел Крег го игра Џејмс Бонд.