Актерката од „Ургентен центар“ ја загуби битката со ракот

153

Актерка Џосара Џинеро, позната на јавноста по улогата во серијата „Ургентен центар“ (ЕР), почина на 48-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Ова го потврди нејзиниот сопруг на нејзината официјална страница на Фејсбук.

-Со голема тага објавувам дека мојата сопруга Џосара Џинаро почина на 27. април 2022. година. Џосара храбро се бореше со ракот и се врати дома за да биде опкружена со своето семејство. Џосара беше неверојатна сопруга, мајка, уметник и пријателка. Имаше најубава, љубезна душа и не прифаќаше ‘не’ како одговор. Таа и во последните моменти се уште се мачеше. Таа сега почива во мир и ќе биде запаметена засекогаш. Мене, на Лиам и Емрис многу ќе ми недостига, иако знаеме дека таа е во нашите срца и не води на секој чекор, се наведува.