Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти и неговата сопруга Илари Блази имаат три деца, но поранешниот италијански репрезентативец сака и четврто дете, но тоа ќе му остане само желба.

Илари гостуваше во една емисија од забавен карактер и водителот се осврна на нејзината врска со Франческо, а во еден момент ја праша за тоа што легендата на Рома планира четврто дете.

  • Мислам дека три е вистинскиот компромис, тоа е совршен број. Но, доколку сака, тоа значи дека ќе мора да го направи со некоја друга, ги насмеа Илари сите со својот одговор.

Илари веќе со години е заедно со Тоти, кој во неколку наврати истакна дека не би имал смисла неговиот живот доколку не ја запознаел убавата русокоса.