Ако се одземаaт имунитети за “Рекет”, Џафери ќе ги враќа пратениците од одмор

127

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпекулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

– Ако има потреба, треба да планирам со координаторите да имаат информација кој каде ќе биде и во случај да треба ќе знаеме во кој рок можат да се вратат пратениците. И да има таков случај пред 5 дена нема да може да заврши процедурата зошто прво треба да заседава Комисијата за мандатно-имунитетни прашања – вели Џафери.