Стручниот тениски коментатор и аналитичар Роби Кенинг, истакна дека светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ е свесен дека мора да ги урне сите рекорди ако сака да биде најдобар тенисер на сите времиња.

  • За да биде сметан за најдобар тенисер на сите времиња, Новак мора да ги помине сите (Рафа и Роже), рекорди, изјави Кенинг и доаде:
  • Мислам дека е свесен затоа. Во Париз има шанса да биде сопственик на сите четири грен слем турнири во исто време и тоа по втор пат во кариерата. Ако успее оваа година, тоа ќе го одвои од Роже и Рафа во тој сегмент. Тие никогаш не го направиле тоа. Да го погледнеме периодот од 2011 година до денеска – пет од последните осум години беше број еден, освои 14 од 15 грен слем титули, 27 од 32 мастерс титули. Новак доминира во тенисот од 2011 година.

Кенинг е поранешен 28 тенисер во светот, а денеска работи како коментатор. Покрај него во студиото на „Амазон прајм“ беше и Саманта Смит, која вели дека Ѓоковиќ низ целата кариера ги брка успесите на Роже и Рафа.

  • На некој начин сочувствувам со него, бидејќи во текот на целата кариера нешто брка. Го брка првото место зад Надал и Федерер, брка грен слем титули, а единствено што не брка се парите од турнирите, тука убедливо е прв. За мене е важно што Новак го освои Австралија опен повеќе пати. Не знам дали има некој притисок , но свесен е за сè што брка во кариерата, изјави Смит.