Граѓаните кои имаат слободни средства, можат да ги инвестираат  во  промотивниот орочен депозит на Стопанска банка –АД Скопје,  за  кој каматата се исплаќа однапред  во моментот на вложување на средствата.

Како што информираат од банката, промотивната понуда важи до 20 април за сите нови орочени депозити со избор на рочности од 12, 24 или 36 месеци, со гарантирани годишни каматни стапки и до 3,3% за депозити во денари, односно до 2,3% за депозити во евра. Минимален износ на вложување е 300.000 денари односно 5.000 евра, а износот на пресметаната камата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата, на сметка по избор на клиентот. За време на користење на депозитот, клиентите постојано имаат увид во штедните влогови преку e-banking системот на Стопанска банка.

За илустрација за 1.000.000 денари орочени на 36 месеци со каматна стапка од 3.3% годишно, камата што ќе се исплати на депонетот однапред е 90.090 денари. Или за  10.000 евра орочени на 36 месеци со каматна стапка од 2.3% годишно, однапред на име на камата Банката ќе исплати 690.63 евра.