Талентираниот шпански репрезентативец и играч за врска на Барселона, Гави, поради својата популарност и изгледот привлекува енормно големо внимание кај згодните девојки, особено кај оние во Шпанија, каде што е најпопуларен.

Гави има само 18 години, но веќе важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред на денешницата. На крајот на краиштата, тој беше избран за најдобар млад фудбалер на светот во многу силна конкуренција, а игра важна улога во тимот на Барселона и во репрезентацијата, каде што досега одигра 20 натпревари.

Тој во моментов е со репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство во Катар. За Гави ова е прв настап на светските првенства, а на три натпревара во групната фаза успеа да постигне еден гол.

Во меѓувреме се пишува како Леонор, најстарата ќерка на шпанскиот крал Фелипе, која е една година помлада од Гави, лудува по него. Леонор е шпанска принцеза која е до уши вљубена во младиот играч од средниот ред, а Гави неодамна ѝ испрати потпишан дрес.

Нејзиниот татко, кралот Фелипе Шести, беше во Доха, Катар, каде што го следеше првиот натпревар на Шпанија против Костарика. По натпреварот, тој му кажа на Гави дека неговата ќерка „го сака“, а Гави одговори со тоа што ѝ испрати потпишан дрес на Шпанија со неговиот број и презиме на задната страна.

„Football Espana“ објави дека нејзиниот школски шкаф е полн со слики од ѕвездата на Барселона. Принцезата Леонор е формално позната како принцезата од Астурија и е наследничка на тронот, со оглед на тоа што е првородено дете на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција.

Меѓутоа, ако во иднина Гави и принцезата Леонор се здружат и стапат во брак, тогаш шпанскиот играч од средниот ред можеби ќе треба да се повлече од фудбалот. Правилата и обичаите на кралското семејство вклучуваат многу активности и Гави можеби нема да најде време за играње фудбал.

Принцезата Леонор е помлада од Гави и извештаите сугерираат дека тој веќе го добил прекарот „принцот“ поради нивната наводна врска, иако тоа не е потврдено и сето тоа е шпекулација, иако се разбира ако Леонор го сака, таа ќе најде начини да биде со него.

Во секој случај, евентуалната врска на Гави со Леонор во иднина би можела да го чини кариера, а прашање е дали момче опседнато со фудбал би било подготвено на такво нешто. Ако успее да спои две големи работи, љубовта и фудбалот, никој нема да биде посреќен од него.