Ако не побарав лекарска помош, се ќе беше…

39

Поранешниот фудбалер на италијанскиот калчолигаш Рома, Даниеле де Роси, и понатаму е во болница поради влошената здравствена состојба. Пред неколку дена легендарниот репрезентативец на Италија потврди дека е позитивен на коронавирус и откри дека се има заразено за време на квалификациските натпревари затоа што е дел од стручниот штаб на селекторот, Роберто Манчини.

Поради влошена здравствена состојба, Де Роси во петокот беше примен во една римска болница.

  • Дојдов во болница затоа што имав премногу симптоми кои не само што поминуваа, туку стануваа се полоши и полоши. Вчера наутро станав од мојата столица како и обично, без никаков проблем, но веќе во следниот момент ќе се онесвестев. Почна да му ѕвони во ушите и едвај останав на нозе. Веднаш побарав да ме однесат во најблиската болница, откри Де Роси.

Откако му беше направен задолжителниот лекарски преглед, докторите потврдија дека има сериозно воспаление на белите дробови.

  • Не е во најлошата можна фаза, но имам воспаление на белите дробови. Сакам да не е така, но лекарите веднаш ми кажаа дека ќе било кобно ако не сум дошол во болницата. Ми потврдија дека не е најлошото, но станува збор за еден вид на Ковид-19 кој не може да се лечи во домашни услови, додаде Де Роси.