Ако не можеш да го победиш Руиз, тогаш веднаш оди во пензија!

232

Британскиот боксер Ентони Џошуа претрпе шокантен пораз, прв во својата професионална кариера и остана без четирите шампионски појаси. Сега нов владетел во светот на боксот во тешка категорија е Мексиканецот Енди Руиз.

Џошуа има право на реванш на оваа борба, а новата средба на рингот меѓу Британецот и Мексиканецот ќе се случи до крајот на оваа година.

-Ја активиравме клаузулата за реваншот во договорот со Енди Руиз Јуниор, изјави менаџерот на Џошуа, Еди Херн, додавајќи дека градот домаќин ќе биде дополнително одреден. Мечо би можело да се одржи во Лондон, но не е исклучено Џошуа да се сложи да боксува во Лас Вегас или Лос Анџелес.

Тајсон Фјури поранешен светски шампион, истакна дека следната борба би можела да биде пресвртница во кариерата на неговиот сонародник.

-Ако не може да ги врати појасите, ако не може да го направи тоа… Ако не може да го победи Руиз, тогаш нема што да бара против Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Ако не го победи Руиз, тогаш неговата кариера е готова, изјави Фјури.

Фјури по ремито со Вајлдер во недела го очекува борба со Том Шварц.

-Со мене е иста ситуација. Ако не можам да го победам него, тогаш веднаш мора да си заминам во пензија, заврши Фјури.