Ако нема натпревари до Божик, ќе добиеме нов фудбалски свет

85

Смртоносниот вирус Ковид-19 сигурно и во следниот период ќе има големо влијание врз спортскиот свет, особено на фудбалската игра. Стручњаците направија проценка според која поради тешката финансиска ситуација, трансферите од 100 мил. евра ќе бидат само минато.

Слично размислува и почесниот претседател на најтрофејниот германски клуб, Баерн (М) – Ули Хенес.

  • Германските власти одлично ја менаџираат целата ситуација. Дојде време за да живееме солидарно, а не само да збориме за солидарност. Во прашање се човечки животи и сите мора да ги почитуваме донесените правила и препораки. Дури и натпреварите без публика ганатираат заработка од ТВ правата, а доколку тоа функционира, тогаш ќе немаме никаков проблем кога е во прашање опстанокот на оваа сезона. Сепак, ако нема натпревари до Божик, тогаш е загрозен опстанокот на Бундеслигата. Тешко е да се прогнозира, сите кои прогнозираат околу продолжувањето на сезоната се многу неозбилни, изјави Хенес.

На крајот од интервјуто кое го даде за „Кикер“, Хенес додаде дека во блиската иднина ќе нема трансфери од 100 мил. евра.

  • Можна е некаква промена на координатите. Јас моментално не можам да замислам трансфери од 100 мил. евра. Такво нешто не гледам во блиската иднина. Ќе падне цената на трансферите и нема да се врати на поранешното ниво во следните две или три години затоа што сите држави се погодени. Јасно е како ден дека ќе добиеме нов фудбалски свет, додаде Хенес.