Ако на некој му следи зголемување на плата според закон јас тоа нема да го спречам, изјави Бесими

Интенцијата за донесување на ваквата одлука беше соодветно вреднување на стручниот кадар. Во областа на финансии сличен кадар добива два до три пати поголема плата. Ова прашање треба да се реши во рамките на Законот за буџети. Од правен аспект имаше различни толкувања и оставивме простор да се консултираме и да видиме која е реалноста. Ако на некој му следи зголемување на плата според закон јас тоа нема да го спречам, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими

517

Станува збор за недоразбирање. Ако бевме порано известени ќе ги објасневме работите и случајот немаше да добие толкаво внимание од јавност, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со повлекување на одлуката за зголемување на платите на вработените во Финансии за 30 отсто. За овој случај ССМ пред два дена поднесе тужба против Владата за дискриминација и неусогласување на платите во јавниот сектор согласно со закон, која уследи по барањето за бришење на одредбата за покачување на платите од страна на министерот Бесими.

Според Синдикатот министерот направил кривично дело по член 166 од Кривичниот законик со тоа што одредбата за зголемување на платите Бесими сам ја донел и е должен да ја спроведе. И од Синдикатот на УПОЗ, исто така, сметаат дека министерот направил кривично дело со прекршување на законот, бидејќи ги повлекол решенијата за повисоки плати, кои работниците веќе ги добиле.

-Интенцијата за донесување на ваквата одлука беше соодветно вреднување на стручниот кадар. Во областа на финансии сличен кадар добива два до три пати поголема плата. Ова прашање треба да се реши во рамките на Законот за буџети. Од правен аспект имаше различни толкувања и оставивме простор да се консултираме и да видиме која е реалноста. Ако на некој му следи зголемување на плата според закон јас тоа нема да го спречам, изјави Бесими.

Иницијативата за зголемување на платите, како што рече произлегла од раководството на Министерството за финансии под притисок на пазарот.

-Јас не сакам да трошам пари од Буџетот, односно пари на граѓаните без да имам основа за тоа. Штом ќе се утврди која е реалноста ќе биде исплатено. Ние сме за системско решение. Во основата на платата на сите државни институции влегува корекцијата на минималната плата. Во март кога ќе има зголемување на минималната плата за 2.200 денари, сите институции кои ги имаат услогласено нивните закони со законот за државна асминистрација ќе имаат раст на платите. Така на пример државен советник кој има најголема плата од 39 илјади денари ќе има раст од 5 отсто, додека останатите со помали плати ќе имаат раст од 7 до 8 отсто, појасни Бесими.

Тој потсети дека во последните 3-4 години раст на платите имало во повеќе сектори, во судтвото 15 отсто, во образованието 15 отсто, 8 отсто во инспекторатите, во здравство, во МВР…

Како што рече во тек е изготовка на системско решение кое ќе овозможи заштита на интегритетот и стандардот на вработените. Со системското решение секоја година соодветно на растот на инфлацијата ќе има усогласување на платите.

Бесими рече дека нема да има нови вработувања во јавната администрација, само ќе пополнување на работните места на оние што одат во пензија.

(А.С.)