Поранешниот американски боксер Мајк Тајсон изминативе неколку недели е во центарот на вниманието по неверојатната трансформација на неговото тело.

За време на домашната изолација, Тајсон реши да се посвети на тренинг во теретана и ринг, а тоа даде неверојатни резултати. Педесет и тригодишникот изгледа подобро од кога било и решен е повторно да се занимава со бокс.

„Железниот Мајк“ веќе најави неколку борби за заживување на кариерата, кои пред се хуманитарни цели, а многумина дури шпекулираат дека е можно да се врати на професионалниот бокс, иако е тешко да се очекува такво нешто на негова возраст.

Тајсон повторно се најде во центарот на вниманието откако се појави во ново интервју. Тој истакна дека морал да се ожени бидејќи во спротивно ќе се самоубиел.

  • Без сопруга сум сурово животно. Човек гледа поинаку на жените додека старее. Кога бев помлад, ги гледав само како некое задоволство. Сега кога сум постар ги ценам и ги сметам за подобра половина. Сопругата ме потсетува дека сум маж. Во оваа фаза од животот таа е мојот учител, истакна Тајсон, додавајќи:
  • Ако мажот воопшто не се плаши од својата сопруга, тогаш тој не го живее животот правилно. Затоа сум во брак трипати, затоа што не можам да живеам без жена. Ако немав сопруга ќе се самоубиев и ќе кажам сериозно, ако тоа се случи ќе се самоубијам. Ми недостасува некој што треба да го слушам. Јас сум војник и не секогаш размислувам за себе. Треба некој да го стори тоа за мене затоа што знам каков сум.

Тајсон моментално е во брак со Лаких Спајсер, со кого се венча во 2009 година и искрено признава дека таа му е неверојатна поддршка во животот. Пред Лакиха, тој беше во брак со Робин Гивенс и Моника Тарнер.