Ако кажам се, ќе ме избркаат од државата

632

Полскиот ракометен клуб Киелце успеа 12-ти пат по ред, а 20-ти во историјата да стане шампион на Полска, откако во последното коло го совлада најголемиот ривал Висла Плок со 27:24. Ова беше последното коло од шампионатот, а Киелце влезе зад Висла. Но, со победата на крајот од сезоната успеаја да се изедначат во поредокот со Висла, бидејќи двата тима имаат по 75 бода. Сепак, со подобра гол разлика и подобар меѓусебен скор, Киелце ја освои титулата! Тешко им беше на играчите на Висла кои не им го честитаа трофејот на ривалите, а по натпреварот Талант Душебаев беше многу лут поради тоа!

Тука сум десет години и навикнат сум да победувам, но кога лани го загубивме Купот на Полска, стоевме и и аплаудиравме на Висла до самиот крај. Тие само што си заминаа денес! Сабате (тренерот на Висла прим. надвор) , Вишњевски, претседателот, сите… Имам молба, бидете спортисти до крај. Знам дека боли, но спортистите не се однесуваат така“, рече еден од најдобрите тренери на денешницата и истакнува: „Да ја кажам цела вистина, мислам дека утре би ме испратиле во Шпанија. Извинете за овие зборови, но вака се чувствувам“, изјави легендарниот Душебаев.

Ова беше 181. победа во низа за Киелце на домашен терен и доколку би биле непоразени во следната година, би можеле да стигнат до 200 победи во низа на домашен терен. Досега за тоа време 25 пати ја победија Висла, а последен пат на домашен терен беа поразени во мај 2011 година кога оваа екипа ги победи со 32:30 по продолжение.