Ако го елиминира ПСЖ, Солскјер останува во Јунајтед

61

Оле Гунар Солскјер ќе остане на чело на Манчестер Јунајтед ако го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите, вели весникот „Сан“.

Судирот во осминафиналето на турнирот е очекуван со огромен интерес, а Норвежанецот дефинитивно го зголеми оптимизмот меѓу навивачите по одличниот почеток на „Олд Трафорд“.

Под негово раководство „Црвените ѓаволи“ ги освоија првите 8 натпревари, но раководството остана силно импресионирани дури и од ремито 2:2 со Барнли пред неколку дена, кога тимот губеше со 0:2 во последните минути, но стигна до бод.

Шефот Ед Вудворд имал разговор со Солскјер неодамна на тренинг базата и му честитал за постигнатото до моментов, а се смета дека иднината на тренерот зависи од големиот тест против ПСЖ.

– Оле сè уште не добил понуда, а последниот збор ќе го има семејството Глејзер. Чувството, сепак, е дека Солскјер ќе ја добие работата при успех против ПСЖ, изјави извор од клубот.

Влијанието на Норвежанецот е толку позитивно дека ѕвездите веќе сакаат да останат во Јунајтед и Антони Марсијал го обнови договорот, а се очекува наскоро тоа да го направат Де Хеа, Погба и Ерера, кој исто така зборува одлично за неговата работа.