Аки Рахимовски на вечното почивалиште ќе биде испратен и со две македонски песни кои многу ги сакал

1155

Александар Аки Рахимовски ќе биде погребан во четврток во 15 часот во Алејата на великаните на загрепски Мирогој, во кругот на семејството и на најблиските пријатели. За неговото последно испраќање, семејството го одбрало песните кои за покојниот пејач имале посебно значење – негови две омилени македонски песни и песната „Sailing“ од Род Стјуарт.

Песната „Sailing“ од Род Стјуарт, Аки често му ја пеел на својот син Кристијан додека бил бебе, а членовите на бендот токму таа нумера ќе ја испеат на испрќањето на познатиот пејач кој изненадно почина во саботата од откажување на срцевиот мускул.

На гробот на Аки ќе бидат испеани и две македонски песни кои тој посебно ги сакал и често ги пеел.

Македонските музичари, медиумски работници, неговите пријатели и бројни фанови денеска му оддаваат почит на Аки Рахимовски на скопскиот плоштад, каде е отворена книга на жалост, а дел од неговите музички пријатели во попладневниот дел ќе ги отпеат најголемите хитови на „Парни ваљак“.

Групата „Парни ваљак“ на својот офцијален „Јутјуб“ канал објави емотивно видео посветено на Аки Рахимовски, човекот кој со остатокот од бендот со песните и со својот глас остави белег на едно време.