Македонскиот кошаркарски прволигаш, тимот на Академија ФМП, го совлада Балкан со 77:75 во последното 8.коло од групната фаза во балканската БИБЛ-лига. Тимот од Скопје до победата дојде во второто полувреме, бидејќи на паузата имаше негатива од 13 поени.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Стефан Крстајиќ со 25 поени, Били Ајви постигна 18, додека Лука Стојановски 13 коша.

Академија ФМП ја заврши деби сезоната во регионалното натпреварување со скор од шест порази и две победи, двете остварени во последните две кола.