Македонскиот кошаркарски прволигаш, екипата на Академија ФМП, ја започна сезоната со два порази, од Феникс 2010 и Пелистер, а тоа значеше и аларм во тимот. Од тимот од Кисела Вода се пофалија со ангажманот на нов кошаркар, а станува збор за Американецот Бре Ајви.

Тој може да ги покрие позициите еден и два, а во таборот на Академија ФМП доаѓа од универзитетот Сан Хозе Стејт каде просечно бележеше по 8,8 поени, 2,7 скока и 2,5 асистенции по натпревар.