Кошаркарите на Академија ФМП претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Израел, откако загуби во рамки на БИБЛ лигата од Галил Елијон со 107:65.

Поразот на нашиот претставник беше најавен уште во првото полувреме, кое домаќините го добија со 57:26, а до крајот сосема очекувано ја одржуваа високата предност.

Галил е лидер на табелата со пет победи во исто толку кола, додека ФМП го претрпе и вториот пораз на вториот меч.