Новиот шампион на Италија, тимот на Наполи, со големо внимание ја следи ситуацијата околу американскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Кристијан Пулишиќ. Искусниот играч за врска не е задоволен од статусот и минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа планира да си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок. Понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 20 мил. фунти.